До крајот на годинава целосно ќе биде завршена водоводната мрежа во село Никиштани

Жителите на село Никиштани конечно ќе добијат чиста и питка вода до свите домови. Градоначалникот Александар Наумоски, со  својот тим,  ги посети никиштанци,при што  направија увид во градежните работи и утврдената динамика во поставувањето на водоводната мрежа.

Правиме напори да ја исправиме,,грешката”  која години наназад го остави ова село без вода, изјави Наумоски. Почнавме во ноември и ќе завршиме до крајот на годинава.

Во моментов се изведува вториот прстен од дистрибутивната примарна и секундарна мрежа кој е во должина од 2.200 метри. Вредноста на проектот е 9 милиони денари е во реализација на општина Ѓорче Петров, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.