Кисела Вода денеска слави! Се одбележува Ѓурѓовден - патрониот празник на општината

Кисела Вода денеска го одбележува Ѓурѓовден - патрониот празник на општината. 

- Со света литургија по повод празникот посветен на Свети Ѓорѓи Победоносец, во истоимената црква во Кисела Вода го започнавме овој преубав ден.  Според некои легенди, црквата датира уште од времето на Јустинијан, односно од почетокот на 6 век и мојот народ, овој празник кој истовремено е и патрон на нашата општина, го прославува со огромна почит векови наназад. Според Библијата, светецот Ѓорѓија Победоносец издржал најсурови мачења, но останал истраен во својата верба во Бога и никогаш не се откажал, порача првиот човек на општината Орце Ѓорѓиевски. 

- Да останеме и ние, да истраеме и да се сплотиме за да испишеме уште поубави поглавја во приказната за наша Кисела Вода и Македонија. Да сте ми здрави и живи и нека овој ден дава радост и бериќет во секој, се вели во честитката од градоначалникот.