(Видео) Никола Роквиќ пешачи од Струмица кон Валандово, доби и тегла ајвар подарок

Српскиот пејач Никола Роквиќ денеска пешачи од Струмица кон Валандово, а веќе утре се надева дека ќе влезе во соседна Грција. 

Тој, веќе 14 дена патува пеш до Грција, а Велигденските празници ги мина во Македонија.

Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде тој ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели. 

Целта на Роквиќ е да собере средства за детското онколошко одделение. 

Во денешното негово видео на Инстаграм се пофали дека за 16 дена успеал да собере 16 милиони српски динари за својот хуман подвиг и се заблагодари на сите за поддршката и молитвите. 

Сподели и дека добил подарок тегла ајвар од струмичани.