Во недела традиционални Велигденски средби во Горно Лисиче, ќе се слави со музика

Општина Аеродром и Црковниот одбор на храмот „Св. Петар и Павле” во Горно Лисиче ги покануваат сите верници и граѓани на одбележување на традиционалните 36-ти велигденски средби.

Настанот ќе се одржи во недела, 5.мај, година, во дворот на црквата во Горно Лисиче, во 10:30 часот, веднаш по завршувањето на Велигденската литургија.

Главен покровител на манифестацијата е градоначалникот Тимчо Муцунски, а предвиден е настап на голем број македонски артисти и културно-уметнички друштва.