Мисајловски: Историска победа за ВМРО ДПМНЕ, ќе се одговара за изборните нерегуларности

Денеска победи Македонија и македонскиот народ, имаме убедлива предност и ќе направиме историска победа, изјави вечерва за телевизија Телма потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Мисајловски им честиташе на граѓаните и истакна дека цензусот за избор на претседател е исполнет и покрај бојкотот од страна на ДУИ и други парти, притоа додавајќи дека логото кое што го измислиле ДУИ  не им личи и не е дозволиво членка на НАТО да се остави без врховен командант.

Во однос на регистрираните нерегуларности Мисајловски е дециден, дека секој ќе одговоара за стореното.

- Ќе има одговорност за нерегуларностите, се што е забележано е пријавено и МВР ќе дејствува.